Thursday, April 14, 2011

Значењето на божицата Мајка?

   Како и секое познато  толкување на култните артефакти, така и божицата Мајка нам ни е веќе доста позната и блиска. Јас би се осврнал на нејзината мистика, иако таа е веќе обелоденета. Со овој текст сакам да ја доближам божицата, од моја гледна точка кон лаикот. 
  Би започнал токму вака...

   Според логичното и реалното согледување, мајката е синоним на рожбата. Осоздател на човекот, а со тоа и ,,светот,,. Мајката е онаа која го дои малото, чува и расте. Таа е онаа која ги создава врските меѓу човекот и светот. Токму затоа ...

Во мезолитот и неолитот, во добро познатата култура на Лепенски Вир ( Ѓердап - Србија) познати ни се облиците на куќите со форма на трапез. Според скицираниот облик тие асоцираат на женски полов орган. Но самата шема која ја крие таа куќа е уште по интересна. Затоа ја претставив преку слика. 
Додека пак ако ви е позната оваа култура знаете дека под број еден луѓето поставувале токму ваков жртвеник



Според ова луѓето преку скриени податоци ја оставиле пораката за нивната обземеност кон култот на раѓањето и новиот почеток. Преку поврзување на жената.

Друг пример е познатата неолитска божица Мајка (големата мајка), која е во неколку примери застапена на наше тло. 
Со ваквата ликовна концепција постигната е основна култна и религиозна цел.  Кај овој вид на култна фигурина претставена е мајката од една страна како заштитничка на домот, од друга страна онаа која ја носи рожбата на свет.

Како и да е, овие примери како и многу други ниукажуваат на фактот дека уште во праисторијата постоеле црвсти корени на духовноста, митот, и почеток на религијата. Во однос на почитот кон ,,создателката,,. 

Но сепак, дали луѓето од мезолитот до неолитот биле обземени со духовниот свет или пак само ја ,,претставиле,, реалноста со која биле опкружени целиот свој животен век.

Monday, April 4, 2011

Наочареста фибула (философија или случајност)?

   Одамна овој вид на практичен накит ми бодеше очи. Секој пат кога ќе ја здогледав ми навираа најразлични дефиниции... што е? како е? зошто е?, таква, од каде таква каква што е. Прочепкав на интернет по најразлични астролошки и митолошки страни од западот се до Кина. При тоа дојдов до неколку објаснувања токму за објаснувањето кое го крие до некаде овој вид фибула.
   Но јас би започнал токму вака... Знаеме дека оваа фибула е наречена наочареста, но дали треба така да ја нарекуваме само затоа што налик е на наочари. Или пак длабоко во својата форма крие малку мистика. Според податоците кои ги најдов за овој вид на фибула, согледав дека постојат два подвида. И тоа: ,,наочареста,, фибула со 4 и 8 навои (со или без петлици во средината помеѓу навоите каде се спојуваат). Но јас не би се задржал на поимот фибула, туку на бројот кој е содржан во неа ,,8,,. Зошто луѓето во праисторијата се одлучиле да изработат запетлувач со облик на бројот ,,8,,. Но сето тоа е лесна логика. Во праисторијата главно ,,занимавање,, освен секојдневните обврски бил култот, мистиката, / ,,непознатото,,. Така да логично е овој вид на фибула бил користен само за ритуални цели (не секојдневен). Ќе пробам да ја разјаснам мистиката на оваа фибула преку неколку пишани согледувања за бројот ,,8,,.
 
  На пример, знакот ,,Глиф,, ги претставува броевите, знаците и графичките шари. Во прастаро време бројот ,,8,, се поистоветувал со глифот ,,S,,. (Оваа шара јa сретнуваме често на праисториската керамика). Од тука ,,8,, не е само туку така претставувана и напросто користена.

Во Кинеската култура бројот осум е синоним за поимите ,,успех,, и ,,богатство,,. Додека во регионална Кина, двојната осмица е синоним за поимот ,,среќа,,. 
  Во Индиската митологија бројот осум е поврзан за планетата Сатурн, која пак е синоним за ,,долговечност,,. 
  Хемиски гледано елементот кој не одржува во живот е Кислородот, кој е пак составен од 8 електрони. Така да, кога ќе се породи детето првата работа која ја осознава е кислородот, здивот со кој се сретнува.
  Математички, бројот осум е синоним за бесконечност, односно превртената осмица е математички симбол составен од два поврзани кругови кои ја претставуваат бесконечноста.

  Од тука, осмицата ги симболизира: среќата, успехот, бесконечноста, воздухот и крајно богатството.
 
Дали луѓето во праисторијата биле преоптоварени со овој знак ,,8,, односно со неговото значење. Дали тие го разбирале како што го знаеме ние денес. Дали тие копнееле по долговечен живот, живот полн со богата рожба и плен. Дали тие ја разбирале философијата, и преку овој графички симбол од простиот глиф на керамиките се до бронзените фибули размислувале за бесконечната галаксија или бесконечен живот по смртта. Се прашувам ако овој симбол бил претставуван од нивна страна без никакво значење, тогаш зошто кога ќе погледнеме длабоко во било кој артефакт откриваме длабока мистика.
 Според мене, луѓето од праисторијата, или го осознале животот или пак пробале да го осознаат и решиле да остават податоци за нивната ,,мисија,,.